САД немаат непријателски намери кон Северна Кореја
Белата куќа ги отфрли обвинувањата на Северна Кореја дека заедничките воени вежби во регионот се провокација и рече дека САД немаат непријателски намери кон Пјонгјанг.
Јасно ставивме до знаење дека немаме непријателски намери кон КНДР (Северна Кореја) и дека бараме сериозна и одржлива дипломатија за да се справиме со целиот спектар на прашања од интерес за двете земји и за регионот, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Коментарот на Белата куќа дојде откако Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека вежбите на САД и нивните сојузници ја турнале ситуацијата на „екстремна црвена линија“ и се заканија дека ќе го претворат полуостровот во „огромен воен арсенал и покритична воена зона“.
Во соопштението пренесено од државната новинска агенција КЦНА, се вели дека Пјонгјанг не е заинтересиран за дијалог се додека Вашингтон води непријателска политика.
Во соопштението на Белата куќа се повторува подготвеноста на САД „да се сретнат со претставниците на КНДР во време и место погодно за нив“.
Ја отфрламе идејата дека нашите заеднички вежби со партнерите во регионот служат како каква било провокација. Тоа се рутински вежби, целосно во согласност со досегашната практика, рече портпаролот.
Тој додаде дека САД продолжуваат тесно да соработуваат со сојузниците и партнерите за да обезбедат мир и стабилност во регионот.
- Истовремено, ќе продолжиме да работиме со сојузниците и партнерите за целосно спроведување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН кои ја одразуваат волјата на меѓународната заедница и да ја ограничиме способноста на КНДР да ги унапредува своите програми за незаконско оружје и да ја загрози регионалната стабилност, нагласи американскиот функционер.
Ново на Сител
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот