-->
-->
САД забележаа нов црн рекорд- над 142.000 новозаразенисо коронавирус во еден ден
-->
САД продолжуваат да поставуваат негативни рекорди во пандемијата на коронавирусот, откако во последните 24 часа се регистрирани 142.279 нови случаи на Ковид 19, најмногу во еден ден од нејзиниот почеток.
Британските медиуми наведуваат дека осми ден по ред САД пријавуваат по повеќе од 100.000 нови инфекции дневно.
Бројот на хоспитализирани пациенти, исто така, расте од ден на ден и синоќа веќе имало 64.939, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата.
Во последните 24 часа во САД од Ковид-19 умреле 1.464 пациенти.
Од почетокот на пандемијата во САД се заразени вкупно 10,4 милиони лица од коронавирус и речиси 242.000 од нив умреле.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево