Фудбал
23. December 2025 - 11:09

Салах донесе победа за Египет на АФКОН

Репрезентацијата на Египет со победа го стартуваше настапот на АФКОН (Африкански куп на нации) откако синоќа во натпревар од групата Б го совлада Зимбабве со 2:1.

Голот за победа го постигна Мохамед Салах во 90+1 минута. Инаку, Зимбабве поведе во 20.минута преку Принс Дубе, а во 64.минута изедначи Омар Мармуш.

На вториот дуел од групата Б Јужна Африка ја победи Ангола со 2:1. Вчера се одигра и вториот натпревар од првото коло од А групата Мали – Замбија 1:1.

Денеска на програмата се четири натпревари: Нигерија – Танзанија и Тунис – Уганда (група Ц), Конго – Бенин и Сенегал – Боцвана (група Д).

 

МИА