Само 10 држави во светот не пријавиле ниту еден случај на коронавирус
Коронавирусот засега не е потврден во само десет земји од вкупно 193 кои се полноправни членки на Обединетите нации, а според Светската здравствена организација (СЗО) има заразени луѓе на сите континенти, освен на Антарктикот.
Маршалските Острови се последната земја што регистрираше случај на смртоносниот вирус, а пацифичкиот архипелаг е дел од Австралија и Океанија, континентот со најмалку држави погодени од коронавирусот.
Најголемата земја во која официјално не е потврден случај на коронавирус е Северна Кореја, чии власти го ставија во карантин градот Каесонг во близина на границата со Јужна Кореја на 26 јули, откако беше пронајдено лице за кое се сомнева дека е заразено со вирусот. Сепак, тие сомневања не беа потврдени, па затоа, и покрај резервираноста на бројни светски медицински експерти, Северна Кореја официјално е наведена како земја во која коронавирусот не е влезен.
Туркменистан е втора азиска земја што не потврдила присуство на коронавирус, иако се граничи со Иран, каде се регистрирани речиси половина милион луѓе позитивни на вирусот, како и со Казахстан, кој пријави повеќе од 100.000 случаи на инфекција. Имаше спорадични извештаи за граѓани на Туркменистан кои имале симптоми на коронавирус, па дури и на наводна смрт, но тамошните власти досега не пријавиле ниту еден случај.
Останатите осум земји во кои коронавирусот не е потврден се наоѓаат во Океанија, а најголема од нив е Вануату, која има помалку од 300 000 жители. Најмалата земја без коронавирус е Науру, која има само 12.000 жители. На списокот се и Кирибати, Микронезија, Палау, Самоа, Тонга и Тувалу.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати