Санкционирани 152 возачи во Скопје, 28 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на градот изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции.
Како што соопшти МВР, изречени се и 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет санкции за некористење сигурносен појас...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори