Санкционирани 194 мотоциклисти
Вкупно 194 мотоциклисти санкционира полицијата во текот на вчерашниот за време на зајакнатата контрола на територијата на Република Македонија.
Од нив, 58 управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, 10 мотоцикли биле нерегистрирани, 107 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а девет мотоцикли се времено одземени поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.
Според МВР, најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Велес – 43, СВР Битола – 30, СВР Струмица – 28, СВР Тетово – 25…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости