Сашо Мијалков: Се повлекувам од сите партиски функции во ВМРО - ДПМНЕ
Сашо Мијалков, член на Извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ ја става политичката активност во мирување и се повлекува од сите партиски функции. Тој својата одлука денеска ја соопшти преку соопштение испратено до медиумите.
– Ја информирам јавноста дека мојата политичка активност ја ставам во мирување. Со цел да се завршат судските постапки кои се во тек, а во кои што кај мене постои лично убедување дека ќе се докаже вистината, донесов лична одлука да се повлечам од сите партиски функции – пишува во соопштението.
Според Мијалков, тој целиот негов животен и работен век со своите можности, сила и знаење се вградувал во партијата, почитувајќи и верувајќи во нејзините определби и идеја, и залагајќи се за доследност и посветеност кон истите.
– Останувам со убедување дека мојот ангажман и професионални заложби за Македонија за време на моето работење во државните институции ќе бидат уште повеќе валоризирани и верификувани низ една историска дистанца. Продолжувам и понатаму силно и убедено да ги поддржувам вредностите на партијата и она во што секој наш член верува, каузата на историското ВМРО и визијата за просперитетна Македонија, напредна и модерна, членка на ЕУ и НАТО – се вели во соопштението потпишано од Мијалков.
Ново на Сител
-
Леброн Џејмс ја прекина неверојатната серија која траеше 20 години
-
ФЕИТ ги отвори вратите за идните студенти
-
Волкановски го врати УФЦ појасот и го собори рекордот во „перо“ категорија
-
Заедничка вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западниот Балкан во Луксембург
-
Муцунски со бројни билатерални средби на маргините на Анталија Дипломатскиот форум
-
Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден