СДСМ: Економијата е стабилизирана, се повеќе пари се враќаат кај граѓаните
СДСМ за 2.5 години зад себе има долга листа на исполнети ветувања кои носат исклучиво придобивки за државата и граѓаните.
Деструктивните политики, раскараноста со соседите, руинираната економија и осиромашените граѓани се минато со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Фактите потврдуваат дека СДСМ за 2.5 години направи повеќе за државата од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години.
Факт е дека нашата држава е светол пример во регионот со отворени врати за членство во НАТО и ЕУ.
Факт е дека невработеноста достигна најниска историска стапка од 17.1 отсто.
Факт е дека без потрошено едно евро имаме странски инвестиции во износ од 741 милион денари за само 2.5 години.
Факт е дека се носат одлуки и закони во корист на граѓаните.
Граѓаните знаат дека на 12ти април ќе бираат меѓу интеграции и развој, наспроти изолации и заробеништво, граѓаните ќе бираат меѓу концептот на СДСМ кој враќа пари кај граѓаните и деструктивната матрица на ВМРО-ДПМНЕ која осиромашува.
Затоа на 12ти април граѓаните ќе испратат силна порака дека се одлучни да продолжиме по прав пат кој носи подобар живот за сите.
Граѓаните знаат дека со СДСМ се на прав пат!
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд