СДСМ: Мицкоски нема капацитет за заедништво, сите негови кочници се поразени
Сите обиди на Христијан Мицкоски како главнен кочничар на процесите кои ја носат државата напред, се поразени.
Мицкоски докажа дека нема никаков капацитет за заедништво, ниту дека сака да придонесе за доброто на државата.
Воден од наредбата да го брани криминалот на Сашо Мијалков и на Никола Груевски, Мицкоски ја кочеше правдата во државата и затоа беше против Законот за Јавно обвинителство со цел да спречи правна разврска на предметите од СЈО, но не му успеа и сега патот на правдата е чист, и изречени се и судски пресуди.
Мицкоски работеше против референдумот и се обиде да го закочи напредокот кон НАТО и ЕУ, но повторно не успеа, а ќе остане и запаметен како единствен во македонското Собрание кој не ракоплескаше на големиот успех кога Република Македонија стана 30-та земја членка на НАТО.
Преку своите министри и заменици министри во техничката Влада, Мицкоски работеше и на штета на институциите кои се бореа со вирусот.
Ниту во време на светска здравстена криза не покажа капацитет за сплотеност, за заедничка работа во интерес на граѓаните и државата.
Деструктивните политики на Мицкоски, граѓаните ги казнија на парламентарните избори, но и на локалните избори во Штип.
Мицкоски со месеци ги лажеше граѓаните дека има мнозинство и дека ќе стане премиер, но доживеа уште еден дебакл во Собранието, кога се изгласа доверба на Владата предводена од Зоран Заев.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, треба прекинат со блокадите по желба на Мицкоски и да застанат на страната на граѓаните и на државата.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“