СДСМ: Помош од 6.000 денари за 283.000 граѓани, продолжува вистинската грижа за сите
Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, за сите компании погодени од последиците на пандемијата со коронавирусот.
И покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, Собранието го усвои законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, како и законот, со кој обезбедува финансиска поддршка за ублажување на последиците од коронакризата врз производството, откупот на грозје и винската индустрија.
Со ова над 283.000 граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, ќе добијат 6.000 денари за купување македонски производи и услуги.
Оваа е дел од четвриот пакет економски мерки за помош и поддршка во кризата за граѓаните и за компаниите, со кои Владата предводена од СДСМ им помага на граѓаните полесно да ги поднесат последиците од коронакризата, а истовремено се раздвижува домашната економија.
Во време на најголемата здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот, Владата предводена од СДСМ низ четири пакети мерки пренасочува кон граѓаните и економијата речиси милијарда евра.
СДСМ како одговорна партија во време на пандемија се грижи за сите погодени со кризата, никој не е оставен сам. Поддршката ќе стигне на вистинското место во најбрз можен рок.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза