СДСМ: Со мобилизација на сите капацитети, Владата спречи драстичен раст на цената на струјата
Со брза и навремена реакција, Владата предводена од СДСМ успешно спречи ценовен шок за граѓаните и драстично зголемување на цената на струјата.
Мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесе цената на струја да се зголеми за 9,48% што е далеку помалку од првичните проекции.
Притоа, евтината тарифа на струјата како и евтината тарифа во недела ќе се задржат, а дополнителни рестрикции нема да има.
Економијата е стабилна и ликвидна, државата е подготвена да им помогне на граѓаните и компаниите во надминување на овој предизвик.
За граѓаните од ранливите категории обезбедени се 60 милиони денари со Програмата за заштита на потрошувачите на електрична енергија.
Околу 7.500 домаќинства со ниски примања во времетраење од 12 месеци ќе добијат намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството.
За разлика од Владата предводена од СДСМ која посветено работи на креирање мерки со кои ќе се намалат последиците од енергетската криза, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски одмага со лаги и дезинформации во врска со кризата за да создаде паника кај граѓаните.
Мицкоски лажеше дека цената на струјата ќе биде зголемена до 40%, за да ја искористи кризата за евтини политички поени, не водејќи никаква грижа за граѓаните.
СДСМ како одговорна партија која се грижи за граѓаните продолжува со спроведување на мерки кои ги ублажуваат последиците предизвикани од енергетската криза.
Со почит,
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
