СДСМ: Владата носи решенија за енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните
Владата предводена од СДСМ и институциите преземааат сериозни чекори за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните.
АД ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и Топлана „Скопје Север“ со што ќе се реши кризата со топлинската енергија, а скопјани ќе имаат парно греење до 1 часот по полноќ.
Претходно се преземени решенија со кои се искористија сите расположливи домашни капацитети за производство на електрична енергија.
АД ЕСМ во моментот покрива 100% од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар.
Преземен и првиот чекор за заштита на економскиот стандард на граѓаните од покачените цени на енергенсите. Со 60 милиони денари ќе се субвенционираат месечните трошоци за струја на 7.500 домаќинства.
Владата во моментот интензивно работи на нови мерки што ќе значат директна финансиска поддршка за граѓаните и стопанството за справување со последиците од повисоката цена на струја.
Ова е одговорно и домаќинско управување на институциите од страна на СДСМ која секогаш работи за граѓаните.
Од друга страна јавноста сведочи на деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.
Наместо мерки и решенија, градоначалничката Данела Арсовска ги игнорира барањата на скопјани и се иззема од одговорност, а ВМРО-ДПМНЕ постојано пласира лажни вести, блокира и неосновано обвинува.
СДСМ и понатаму продолжува посветено и одговорно да ги решава сите предизвици и да го заштитува стандардот на граѓаните.
СДСМ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг