Се избира ректор на УКИМ
Наставниот кадар од факултетите и научните институти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска избира ректор кој во наредните три години треба да раководи со најголемиот универзитет во државата. На конкурсот, кој беше распишан, се пријавија двајца кандидати: актуелната ректорка Биљана Ангелова, која доаѓа од Економскиот институт, и професорот и поранешен декан на Машинскиот факултет, Дарко Данев.
Гласањето се одвиваше во просториите на факултетите од 12 до 14 часот, а право на глас имаа редовните и вонредните професори, доцентите, како и по двајца претставници од студентите кои се дел од наставниот совет на високообразовните институции.
Според дел од изборните комисии на скопскиот факултетски кампус, гласањето течело без проблеми, со голема излезност.
Резултатите од тајното гласање треба да бидат објавени денеска до вечер, а потоа ќе следува тридневен рок за приговори на резултатите – од 29 април до 5 мај.
Според временската рамка, предвидени се и термини за евентуално прегласување, заедно со рок за приговори и нивно разгледување, а на 14 мај ќе бидат објавени конечните резултати од изборот на ректор на УКИМ. Новиот ректор ќе стапи на функција во септември.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
