Се разгледуваат можностите како да им се помогне на производителите на основните прехранбени продукти
Се разгледуваат опциите како производителите на основните прехранбени продукти да имаат пониска регулирана цена за да се намалат финалните цени на крајните производи, но и како да им се излезе во пресрет на јавните комунални претрријатија, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.
Според него, министерот за финансии Фатмир Бесими до крајот на оваа или почетокот на идната недела најверојатно ќе ги презнетира мерките за ранливите категории граѓани.
-Мерките се таргетирани, посебно за ранливите категории граѓани. Вчера на Економскиот совет разговаравме во детали за да не биде се на товар на Буџетот и мерките ќе бидат објавени. Најавивме дека училиштата ќе се префрлат на регулираниот пазар и дека болниците ќе бидат поддржани од ЕСМ продажба. Сега се прават анализи за јавните комунални претпријатија и тие се при крај. Се дизајнира методологијата и се бара начин како ќе им излеземе во пресрет, но ќе има механизам, истакна министерот во вечерашното гостување на ТВ Сител.
Во врска со топлинската енергија, Бектеши уште еднаш повтори дека парно ќе има, а за октомври се обезбедени потребните количини природен гас. Идната недела или кон средината на месецов, додаде, ќе има понуди и за ноември, а цените ќе бидат за 300 до 350 евра пониски.
Како што објасни Бектеши, Чаир и Бутел изминативе три дена имаат парно зашто топланата Север има природен гас од претходната грејна сеозна во складиштата.
-Сепак, немам информација дека обезбедиле природен гас од 15 октомври натаму, рече министерот.
Тој оцени и дека од 1 јануари притисокот на зголемување на цената на топлинската енергија ќе биде помал.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња