-->
-->
Седумнаесет мигранти загинаа во две нови несреќи во Егејското Море
-->
Седумнаесет мигранти загинаа во двете нови несреќи во водите на Егејското Море, јавија грчките медиуми.
Кусо пред полноќ синоќа грчките власти добиле сигнал за превртен чамец во регионот на Калимнос.
Првичните информации биле дека околу сто бегалци, паднале во морето. Веднаш е започната спасувачка операција, при што досега се спасени 138 бегалци, а од морето биле извадени 14 тела.
Грчката крајбрежна стража трага по исчезнатите, а нивната точна бројка не може да биде утврдена. Во регионот дува силен ветер.
Рано изутринава покрај островот Родос глисер на крајбрежната стража спасил шест бегалци и извадил три тела од морето. Се трага по уште три лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година