Села го пречека Абдуљфета Алими кој по шест години излезе од затвор
Пред затворот во Идризиво поранешниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села го пречека поранешниот бебзбедувач во Собранието Абдуљфета Алими, кој помина шест години во затвор.
За Алими, казната беше помала бидејќи, како што кажа тогаш судиката Добрила Кацарска, го спасил Села од толпата.
Алими по излегувањето кажа дека е добар и се заблагодари за поддршката.
Села го нарече Алими брат кому му го должи животот.
Алими одлежа 6 години и два месеци затвор затоа што им ги даде клучевите на поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија вратите на Собранието и им овозможија на демонстрантите да влезат внатре. Поради спасувањето на животот на Села, судискиот совет ја намали ефективната мерка со определување ефективни 7 години затвор. Алими тогаш раскажа како насилниците се оддалечиле од Села бидејќи тој им кажал дека е мртов, а потоа го скрил во една од канцелариите во Собранието.
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево