-->
-->
Северна Кореја истрела нова хиперсонична ракета
-->
– Официјален Пјонгјанг соопшти дека вчера успешно е тестирана нова хиперсонична ракета, наречена Хвасонг-8, објави Би-Би-Си.
Севернокорејските државни медиуми објавија дека новата ракета е една од „петте најважни“ нови оружени системи, утврдени во националниот петгодишен план за воен развој.
Тие ја опишаа новата ракета како „стратешко оружје“, што обично значи дека има нуклеарни способности.
Вчерашното лансирање е уште еден индикатор за зголемената модернизација на технологијата за оружје на Пјонгјанг, и покрај строгите санкции.
Хиперсоничните ракети се многу побрзи од конвенционалните, што го отежнува нивното пресретнување со системи за противракетна одбрана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево