ОН: Северна Кореја изложена на ризик од глад
Најзагрозените жители во Северна Кореја се „изложени на ризик од глад“, бидејќи економијата се влошува поради блокадата наметната поради коронавирусот, а санкциите на ОН воведени поради нуклеарната програма на земјата треба да се ублажат, изјави експерт за човекови права на ОН.
Во јуни, државната телевизија објави дека Северна Кореја се соочува со „прехранбена криза“, предупредувајќи дека земјата која е со ослабен земјоделски сектор веќе долго време не може да се справи со прехранување на своето население.
Во истиот месец, лидерот Ким Џонг Ун рече дека состојбата со храната „станува се понапната“.
Тој истакна дека овие ограничувања треба да се ублажат за да се заштитат најранливите во земјата во услови на акутен недостиг на храна.
– Најранливите деца и постари лица се изложени на ризик од смрт од глад, рече Кинтана.
Според него, санкциите што ги воведе Советот за безбедност на ОН треба да бидат повторно разгледани и олеснети онаму каде што е потребно за да се олесни и хуманитарната помош.
Извештајот доаѓа околу три месеци откако Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации соопшти дека Северна Кореја оваа година се соочува со недостиг од околу 860.000 тони храна и дека може да доживее „тежок период на недостиг“.
Пјонгјанг останува надвор од разговорите за својата нуклеарна програма по неуспехот на вториот самит меѓу Ким и тогашниот американски претседател Доналд Трамп во Ханој и ги отфрла напорите на Јужна Кореја за заживување на дијалогот.
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф