Шамбевски: СДСМ бега од резолуцијата бидејќи веќе преговара за идентитетот или сака раздор
Во денешното гостување во тема на денот на Сител Телевизијам, Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен амбасадор вели дека ме изненадува колебливоста на СДСМ да ја прифати резолуцијата. Прво ја одбија, па ја прифатија, сега повторно најавуваат дека ќе ја одбијат. Што е неприфатливо за СДСМ, континуитет на македонскиот јазик, идентитетот“.
-Она што мене ме чуди зошто СДСМ избегнува да ја прифати се две можности. Прва работа или преговараат за маркерите кои го дефинираат идентитетот, ставено е на маса па го избегнуваат текстот на резолуцијата, или пак се обидуваат и натаму да направат раздор во македонското ткиво и максимално поларизирање. Од нивното доаѓање па се денеска македонското општество никогаш не било пополаризирано. Ако не ја прифатат резолуцијата, тогаш им паѓа во вода дека опозицијата е кочничар. Ова е подадена рака, рече Шамбевски.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
