Шекеринска – Референдумот е историска шанса и историска одговорност
Jа имаме историската шанса, но ја носиме и историската одговорност. Кога ќе помислиме што сакаме да им оставиме во аманет на следните генерации, убедена сум дека мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет, „за“ македонска иднина и „за“ членство во ЕУ и НАТО, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.
„Секоја нација и секоја држава има моменти кога самата се соочува со историски одлуки, се соочува со самата себе и својот избор каква држава сака да биде, каква нација сака да биде, какво општество сака да создаде. Мислам дека овој референдум ќе биде во многу нешта налик на оној на почетокот на нашата независност. Граѓаните ја имаат моќта да ја донесат оваа одлука. Убедена сум дека како и во почетокот на 90-тите, ја имаат и одговорноста, ја имаат и мудроста да ја донесат вистинската одлука. Овој договор го цементира македонскиот идентитет, македонскиот јазик, нашето право да бидеме Македонци, нашите колеги Македонци, и тоа не само што ни го дава нам како право, туку го пренесува како обврска и на останатиот свет. Со овој договор и со нашето зачленување во ЕУ и во НАТО, македонскиот јазик ќе стане службен јазик на една од светските асоцијации која е најпрестижна, Европска унија. Ова се прашањата за референдумот и убедена сум дека сите сме свесни за историската одговорност, ја имаме историската шанса, но ја носиме и историската одговорност и кога ќе ги затвориме очите и ќе замислиме што сакаме да ни се случува во наредните 10 години, што сакаме да оставиме во аманет, во наследство на генерацијата после нас, убедена сум дека мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет, „за“ македонска иднина и „за“ членство во ЕУ и НАТО“, вели Радмила Шекеринска, министерка за одбрана.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд