Шилегов: Скопје, силен град каде што луѓето се важни
Кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов со видеопорака се обрати на граѓаните на Скопје, повикувајќи ги масовно да излезат на гласање в недела, на 17 октомври. Тој во своето обраќање потенцираше дел од своите завршени и идни проекти.
– Сообраќајните решенија кои ги реализираме ќе значат град без метеж, а Скопје ќе ја добие најголемата пешачка зона од сите европски градови. Со ова, Скопје целосно се менува и станува европска метропола со многу јавен простор, зеленило и врвна инфраструктура, вели Шилегов во своето обраќање.
В недела, како што посочува, не избираме само градоначалник, туку дали Скопје останува да се движи во правилна насока.
– За мене политиката е само средство за создавање услови за достоинствен живот за секој човек. Тоа е политика која гради мостови и обединува, политика која го води Скопје кон заедницата на најразвиените градови во Европа. Мојата политика има јасна цел – модерна инфраструктура, врвен јавен транспорт и чиста и здрава животна. Јас го сакам Скопје каде младите со задоволство ги создаваат своите семејства, Скопје во кое сите се добредојдени, зелено Скопје со насмеани, задоволни и среќни луѓе. Скопје, силен град каде што луѓето се важни, вели Шилегов.
Мостовите, булеварите и тунелите, како што рече, се реализација на неговата визија за поврзан град.
– Тие ги поврзуваат луѓето и го прават Скопје единствено и силно. Ова е Скопје што сакам да продолжам да го градам со сите вас. Ја барам вашата поддршка за заедно никогаш да не застанеме. А јас ќе продолжам да бидам градоначалник на кој луѓето и Скопје секогаш му се на прво место, заврши Шилегов.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови