Шкријељ: Во институциите повеќе нема деца, празниците ги поминуваат во топол дом и семејна атмосфера
Заменската дополнителна министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска ги посети децата од поранешниот дом „11 Октомври”, кои сега живеат во неколку мали групни домови во Скопје.
По повод новогодишните и божикните празници, Шкријељ, информираат од МТСП, на дечињата им подарила пакетчиња и им посакала да имаат безгрижно детство исполнето со многу љубов, успех и ведра насмевка.
– Со овој процес, над 180 деца кои живееја во сиви и гломазни институции, целосно запоставени и заборавени, за помалку од две и пол години, Министерството за труд и социјална политика, раководено од Мила Царовска и нејзиниот тим, успеа да ги пресели во мали групни домови со семејна атмосфера. Во институциите нема деца, сега сите живеат во топол дом, се наведува во соопштението од МТСП.
Со посветена работа, стои во соопштението, продолжуваме да го имплементираме процесот бидејќи секој граѓанин заслужува да добие услови за достоинствен живот, да му се даде можност да се интегрира во заедницата, а на секое дете да му се овозможи еднаков почеток. Наша цел е децата да го добиваат најдоброто. За имплементација на овој процес имаме силна поддршка од меѓународните организации кои се наши партнери, се посочува во соопштението од МТСП.
Ново на Сител
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот