Ракомет
7. August 2024 - 14:54

Шпанија прв полуфиналист на олимпискиот ракометен турнир

Репрезентацијата на Шпанија е првиот учесник во полуфиналето на машкиот ракометен турнир на Олимписките игри во Париз.

Шпанците до победата со 29:28 над Египет стигнаа по дополнителни 10 минути игра, откако основните 60 завршија нерешено 25:25.

Ракометарите на Египет имаат за што да жалат, бидејќи речиси цел натпревар беа во водство, највисокото изнесуваше четири голови разлика, а во последните секунди од второто полувреме промашија шут за победа.

Противник на Шпанија во полуфиналната фаза ќе биде поуспешниот од мечот Германија – Франција (почеток 13:30 часот).

Другите две четвртфинални двојки се:
Данска – Шведска (17:30 часот) и 
Норвешка – Словенија (21:30 часот).