Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
Штипска клиничка болница годината ја завршува со вкупен долг од 160 милиони денари. Најмногу или 30 милиони денари, должи кон Републичкиот завод за трансфузиологија, а остатокот е кон компании добавувачи на лекови и друг медицински материјал.
-Штипската Кличка болница наследи вкупен долг од 190 милиони денари. Доспеани обврски имавме околу 160 милиони денари. Успеавме за овие четири до пет месеци, да ги намалиме за околу 30 милиони денари. Вкупниот долг сега е 160 милиони денари, а доспеаните обврски се 132 милиони денари. Најголем долг имаме кон Републичкиот завод за трансфузиологија. Беше 40 милиони, успеавме да го намалиме за 10 милиони денари, изјави Мирјана Ефремова, КБ - Штип
Министерството за здравство за догодина ќе издвои поголем буџет за болницата. Модуларната болница ќе се преадаптира во амбуланта за специјалистички прегледи, а ќе започне со работа и Ургентниот центар.
-Имаме инвестиции во градежни објекти. Таму спаѓаат Ургентниот центар. Предвидена е реконструкција на модуларната болница. Планирано е реконструкција на кровната конструкција на инфективното одделение. Предвидени се инвестиции во медицински апарати, додаде Ефремова.
Во 2024-та година, само за сервисирање на медицински апарати потрошени се 11 милиони денари. Загуба од 8 милиони денеари штипска Клиничка прокнижила по основ на партиципација за болничко лекување на пациентите.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар