МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
Студентите повторно добија бесплатен јавен превоз во главниот град – владата денеска ги префрли 120-те милиони денари на сметката на ЈСП со што е решен пробелмот за оваа година. Министерката за образование Јаневска вели дека ова ќе обезбеди поголема достапност и ќе помогне многу за студентскиот стандард.
Студентите и средношколците денеска на средба со министерката побараа од МОН и поголема дигитализација на учебници , подобрување на државната матура, како зголемување на бесплатниот превоз и за студентите на приватните универзитети.
Двата закони за студентски ученички стандард се веќе подготвени, следува уште една консултација и очекувањата според МОН се дека ќе бидат донесени до следната година.
Повлечениот закон за средно образование поворно ќе се дебатира, вели министерката, па дури вели и да треба да биде тргната одредбата за интонирањето на химната тој повторно ќе се најде пред пратениците. Со него треба да се промени и моделот на државната матура
Приоритет на МОН ќе биде и воведувањето на едносменска настава . До следната година треба да заврши реконструкцијата на студентските домови, но и да се најде решение за учебните за странски јазици.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар