Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
Во Штип се одвива голема акција на Шумската полиција против дивата сеча, објави на својот Фејсбук профил, заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој напиша дека акцијата се спроведува од раните утрински часови.
- Со акцијата лично раководеше Митко Костадиновски, началникот на Шумската полиција на Македонија. Во оваа акција учествуваа шумски полицајци од ШПС Гевгелија, ШПС Валандово, ШПС Велес и ШПС Радовиш. Во акцијата на лице место се заловени поголема група дрвокрадци, за кои се поднесени соодветни пријави, одземени се повеќе возила кои се затекнати како превезуваат незаконски посечени дрва и други средства со кои е вршена незаконската сеча, вели Михаилов.
Тој додава дека се претпоставува дека станува збор за истите луѓе кои пред извесно време направија огромни штети на боровите култури во штипско.
- Акцијата за справување со дрвокрадците ширум цела Македонија ја продолжуваме со уште посилно темпо, напиша на својот фејсбук профил, Михаилов.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки