Македонија
13. August 2026 - 16:39

Сиљановска-Давкова: Струга е град пример за почитување на различностите

Струга е град кој претставува пример за почитување на различностите и соживотот истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денот кога се одбележуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

На средбата со градоначалникот Ќура на која разговарале и за предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот регион подвлече дека неопходно е институциите на локално и централно ниво да дејствуваат координирано за да ја искористат доверената можност и да ги спроведат обврските што произлегуваат од одлуките на УНЕСКО.

Струшкиот градоначалник Ќура истакна дека Рамковниот договор останува темел на соживотот во Македонија и најави посериозен пристап кон исполнувањето на препораките за заштита на Охридскиот Регион под заштита на Унеско.

Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова ја посети и Спомен-куќата на „Браќа Миладиновци“, како и Канцеларијата на националната установа „Струшки вечери на поезијата“.