Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
Синдикатот на УПОЗ бара средба со владата за да продолжи дијалогот за исплаќање на додаток на плата од 30% за администртивциите. Подготвени се да седнат на маса со премиерот да се најде заедничко решение откако Министерството за финасии даде негативно мислење за склучување на колективни договори. Доколку не добијат повратен одговор за средба, најавуваат радикализација на протестите и тужби.
Опозицијата дава поддршка на Синдикатот и бара власта да исплати повисоки плати на административците.
Од владата, протестот веќе го оценија како незаконски и политички мотивиран, бидејќи според нив дијалогот, треба да се води на социоекономскиот совет, а не на улица.
Четврти ден вработените од шест министерства и два органа на државната управа излегуваат на получасовни протести барајќи државата да најде решение за нивните барања. Бараат потпишување Колективни договори, со кој ќе им се изедначат платите со административците во другите институции.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар