-->
-->
Сириска опозициска група го поздрави договорот за примирје
-->
Главната група на сириската опозиција денеска соопшти дека го поддржува прекинот на огнот, што се предвидува да стапи во сила од полноќ и да ја опфати цела Сирија, и оти умерените бунтовнички фракции ќе го почитуваат, но ќе се бранат себеси ако бидат нападнати.
Ахмад Рамадан од Сириската национална коалиција рече дека постигнатиот договор за примирје вклучува прекин на воздушните напади и бомбардирањето.
Според него, Слободната сириска армија, во која влегуваат неколку умерени бунтовнички фракции, ќе го почитува прекинот на огнот, но ќе одговори во случај на нарушувања од владата и сојузничките сили.
Сириската армија соопшти дека примирјето не се однесува на ограноците на Ал Каеда во Сирија и групата „Исламска држава".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорѓи Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“