Сириските бунтовници добиле нова пратка противтенковски ракети
Сириските бунтовници, кои се борат против армијата на Башар ал-Асад и неговите сојузници јужно од Алепо, добиле нова пратка од противтенковски ракети од американско производство, информираа британските медиуми.
Три групи, поврзани со Сириската слободна армија, за Ројтерс изјавиле дека добиле нови пратки ракети, откако е почната офанзивата на сириската армија, поддржана од ирански борци и либанската група Хезболах.
Извори од една од бунтовничките групи наведуваат дека количествата добиени ракети не се доволни за одбивање на напади од таков размер.
Оружјето во Сирија се доставува преку Турција и тоа од државите противнички на режимот на Башар ал-Асад. Вооружувањето за бунтовниците е дел од програмата на САД, која вклучува и воена обука, а е предводена од ЦИА.
Според информации на директорот на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, Рами Абдел Рахман, бунтовниците со добиените наведувачки противтенковски ракети од петокот до сега во регионот на Алепо уништиле најмалку 11 воени цели.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено