-->
-->
Скандал во кумановската гимназијa: Директорот си го покажувал половиот орган на Фејсбук!?
-->
На социјалните мрежи се шират фотографии на директор на една кумановска гимназија на кои тој наводно си го покажува половиот орган. Директорот во изјава за МКД.мк вели дека некој го пробил неговиот профил на Фејсбук и дека случајот веќе е пријавен во полиција.
Во МВР засега немаат информации за овој случај.
Директорот на гимназијата изјавил дека го пријавил случајот во полиција и дека побарал да се најде сторителот. Тој се сомнева на едно лице, кое пред неколку дена му побарало пријателство на Фејсбук, по што добил заканувачки пораки придружени со фотографиите и закани и уценувања со пари.
„Се надевам дека полицијата има можности да го открие сторителот, кој во меѓувреме ги избришал сите пораки и фотографии. Полицијата едноставно мора да го открие и да го казни сторителот. Сепак, јас сум директор на гимназија, имам семејство, моето име сега се врти по социјалните мрежи…“, рекол директорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна
-
Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, досега пријавени над 52 000 лица
-
Сиљановска Давкова помилува десет осуденици
-
Штрајк на наставниците во Грција
-
Претреси во Битола и Македонски Брод, пронајденo оружје и муниција, лишени од слобода две лица
-
Гаши: Значајните историски датуми се потсетник дека треба да дејствуваме заедно во градење современа и просперитетна држава
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Претседателката Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба