СКСЗМ: Граѓаните да се известат најмалку 48 часови пред одлуките за ограничување на движењето да стапат во сила
За Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) неприфатлива е одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на Куманово во текот на целиот викенд, бидејќи сметаат дека е неопходно граѓаните да се известат најмалку 48 часови пред слични одлуки да стапат во сила.
-Оваа одлука е неприфатлива од фактот што е донесена само неколку часа пред да почне ограничувањето на слободното движење од 21:00 часот и еден ден пред да започне викендот, со што граѓаните на Република Македонија се информираат само неколку часа порано. Оваа ситуација создава заблуда и паника кај граѓаните од таа зона, кои од недоволно снабдување со основна храна се собираат во толпа од луѓе за да ги извршат потребните набавки. Ваквата состојба го зголемува нивото на ризик од ширење на коронавирусот уште повеќе, факт што е во ничиј интерес за време на овој период на пандемијата COVID19, порачуваат од СКСЗМ.
Апелираат до релевантните институции за каква било слична одлука што ќе се донесе, да се известат граѓаните најмалку 48 часа пред таа да влезе во сила.
-Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија секогаш настојува да ја одржи соработката со државните институции на највисоко ниво и високо го цени воспоставеното партнерство со истите институции. СКСЗМ секогаш ќе придонесува да се создаде поволно опкружување за бизнисите во земјата и за таа цел ќе реагира за сите избрзани и погрешни одлуки на Владата, како што е примерот со одлуката на Владата за ограничување на движењето во градот Куманово т.е се ограничува движењето на граѓаните почнувајќи од петок (03.04.2020) од 21:00 часот до понеделник (06.04.2020) до 05:00 часот, велат од СКСЗМ.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија