Слаби снежни врнежи во Крива Паланка, Маврово, Попова Шапка, Буково и Пресека
Во Крива Паланка, Маврово и на Попова Шапка, како и на планинските превои Буково и Пресека денеска се бележат врнежи од снег со слаб интензитет, кои во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

Салах донесе победа за Египет на АФКОН
-

Ахмети: Јас ја уништив Југославија, jас не сум претставник на мачки туку на лавови
-

МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании, трансферирани две транши од Буџетот кон Развојната банка
-

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти
-

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра
-

Елмас и Наполи го освоија Супер купот на Италија
-

Нејмар успешно опериран
-

Реал лидер според заработката од телевизиски права
