Словачката полиција уапси осомничени за убиството на новинарот Јан Куцијак
Полицијата во Словачка денеска приведе осомничени за убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова.
Информацијата ја објави Словачкото радио, според кое, акцијата почнала рано утрово и се уште е во тек.
- Полициски специјални сили уапсија осомничени за злосторството. Во моментов се спроведуваат претреси во нивните домови, потврди на Фејсбук прес-службата на полицијата, без да соопшти детали.
Јан Куцијак (27) беше застрелан на 21 февруари заедно со неговата свршеница Мартина Кушнирова во селото Велка Мача, западна Словачка. Новинарот откри корупциски шеми во владејачките структури на земјата и објави дека двајца високи функционери од владини служби контактирале со италијанската мафијашка група „Ндрангета“. Тоа предизвика општествено - политичка криза во земјата. Премиерот Роберт Фицо поднесе оставка и на негово место дојде Петер Пелегрини.
Смртта на словачкиот новинар беше петтото убиство на новинар во земја-членка на ЕУ во последните 10 години.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?