Словачката полиција уапси осомничени за убиството на новинарот Јан Куцијак
Полицијата во Словачка денеска приведе осомничени за убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова.
Информацијата ја објави Словачкото радио, според кое, акцијата почнала рано утрово и се уште е во тек.
- Полициски специјални сили уапсија осомничени за злосторството. Во моментов се спроведуваат претреси во нивните домови, потврди на Фејсбук прес-службата на полицијата, без да соопшти детали.
Јан Куцијак (27) беше застрелан на 21 февруари заедно со неговата свршеница Мартина Кушнирова во селото Велка Мача, западна Словачка. Новинарот откри корупциски шеми во владејачките структури на земјата и објави дека двајца високи функционери од владини служби контактирале со италијанската мафијашка група „Ндрангета“. Тоа предизвика општествено - политичка криза во земјата. Премиерот Роберт Фицо поднесе оставка и на негово место дојде Петер Пелегрини.
Смртта на словачкиот новинар беше петтото убиство на новинар во земја-членка на ЕУ во последните 10 години.
Ново на Сител
-
Од утре времен режим на сообраќај на патот од Кокино до село Арбанашко поради градежни активности
-
Нови претреси во Парламентот на ЕУ
-
Приведен измамник, спроведен за издржување на затворска казна
-
Дамјан Марковски од Скопје тргна пеш на поклонение до Манастирот Острог
-
Управниот суд оформи предмет за тужбата од Европскиот фронт на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Снаа со нож ја избодела свекрвата - Убиство во Србија
-
Претреси во струмичко, приведени дилери на дрога
-
Норвешка забранува влез во државата за руски туристи