Свет
8. February 2025 - 10:23

Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо

Десетици илјади граѓани ноќеска се собраа на централниот плоштад во Братислава, по втор пат во последните две недели, барајќи оставка од словачкиот премиер Роберт Фицо.

Демонстрантите го повикаа Фицо да ја прекине секоја соработка со Русија и ги повикаа највисоките претставници на државата да ги запрат обидите на премиерот да ја промени надворешната политика на Словачка.

За време на демонстрациите насобраните граѓани скандираа „Оставка, оставка“ и „Руски агент“.