Македонија
20. јуни 2024 - 16:39

Со паѓање на системот почнаа уписите во средните училишта, рокот за пријавување е до 25 јуни

Уписите во средно образование почнаа со проблеми на сајтот на МОН. По неколку часа се чека за апликација, а во одреден период од денот системот падна. Учениците ги пополнуваат електронски документите за упис но истите треба да ги достават и во хартиена форма во училиштата. Во скопската гимназија Орце Николов интересот е огромен, до 14 часот попладне се пријавиле повеќе од 200 ученици. 

Отворени се 9 паралелки од кои 4 се општа гимназија. Доколку се пријават голем број ученици кои ги исполнуваат критериумите ќе има приемен тест по што ќе се направи селекција. 

Првото електронско пријавување на деветтоодделенците завршува на 25. јуни. Вториот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули.