Собранието ќе ја одржи 85-тата седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 85-тата седница на чиј дневен ред се предлог законите за извршување, за нотаријатот, како и за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, трите во прво читање.
Пратениците треба да ги разгледаат и предлог законите за ратификација на Договорот за економска соработка со Владата на Социјалистичка Република Виетнам и за ратификација на Спогодбата со Владата на Република Косово за соработка во областа на образованието и науката.
На дневниот ред се и Предлог законот за урбано зеленило, во прво читање, поднесен од пратениците Лилјана Поповска, Солза Грчева, Љубица Буралиева, Роза Топузова Каревска и Павле Трајанов, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за буџетите и на Законот за јавен долг, поднесени од опозицијата, како и Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, исто така, поднесен од опозицијата.
На седницата се и уште 70-тина законски решенија во прво и второ читање и по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци