Собраниска седница за избор на министри и заменици
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за денеска ја закажа седницата за избор на министри и заменици министри согласно договореното на последната лидерска средба во Клубот на пратениците и договорот од Пржино.
Како што соопшти неговиот Кабинет на дневен ред на седницата се Предлог за избор на членови на Владата и Предлог за именување на заменици министри во Владата на Република Македонија.
Во Предлогот доставен од Владата до Собранието се наведува дека согласно договорот од 2 јуни и 15 јули и измените на Законот за Влада, за министер за внатрешни работи на предлог на опозицијата се предлага да биде избран Оливер Спасовски, а за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Заменици министри исто така од редот на опозицијата ќе бидат Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии.
Се очекува на денешната седница да биде пополнето и министерското место во Министерството за информатичко општество и јавна администрација по неодамнешната оставка на Иво Ивановски. Владата за оваа функција ја предлага досегашната заменичка министерка во Министерството Марта Арсовска -Томовска.
Претходно Собранието во рамки на седницата треба да ги констатира оставките поднесени од актуелните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Митко Чавков и Диме Спасов.
Собранието завчера го изгласа пакетот закони кои исто така произлегуваа од Договорот од 2 јуни/15 јули.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати