Сообраќајка кај село Колари кичевско, едно лице тешко повредено
Во сообраќајна незгода што се случила вчера кај кичевското село Колари, триесет и двегодишна кичевчанка се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.
-На магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари вчера во 19:55 часот, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили „Фолсфаген Буба“ со кичевски регистарски ознаки, управувана од А.Ч.С.(32) од Кичево, „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Н.(37) од Скопје, „Ламборџини“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш.(24) од Скопје и „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.П.(23) од Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Притоа, А.Ч.С. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар во Скопје, додека со телесни повреди се здобиле Д.Ш. и Б.С. (31) – возач и сопатникот во возилото „Ламборџини“, како и П.П. возачот на возилото „Киа“. На местото на незгодата, извршен е увид , рече Димоски.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива