Македонија
5. March 2025 - 12:20

Сообраќајна несреќа на патот Скопје - Тетово, едно лице се здобило со тешки телесни повреди

На 04.03.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атaр на село Арнакија, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(30) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(39) од с.Буковиќ, скопско. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.И., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.