Средба Ковачевски – Гир: За поздравување е новата енергија за соработка со Бугарија
Приоритети на новата Влада остануваат евроинтеграциите, како и преземање соодветни мерки за совладување на здравствената и енергетската криза, кои се глобален проблем, му рече премиерот Димитар Ковачевски на евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната средба во Владата и му изрази благодарност за поддршката и можноста да ги запознае претставниците на институциите на ЕУ со реформскиот процес во нашата земја, особено потенцирајќи го обновувањето на дијалогот со соседот Бугарија.
Евроамбасадорот Гир, информираат од владината прес-служба, му упати честитки на премиерот Ковачевски по повод новата функција, изразувајќи позитивни оценки за актуелните чекори преземени од Северна Македонија и Бугарија.
На средбата беше речено дека продолжуваат реформите и нивното динамизирање особено во областа на правосудството, борбата против корупцијата и криминалот и создавањето модерна и ефикасна администрација, како и политиките од Зелената агенда за Западен Балкан, како дел од Европскиот зелен договор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест