Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Албанија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Албанија Фатос Река, соопшти Министерството за внатрешни работи.
- Амбасадорот Река му посака на министерот Спасовски успешна работа во текот на неговиот мандат и ја потенцира поддршката што Република Албанија како соседна земја е подготвена да и ја даде на нашата земја и на Министерството за внатрешни работи. Амбасадорот на Република Албанија рече дека очекува да се интензивира соработката на министерствата од двете земји во борбата против криминалот, со цел да имаме стабилен регион. Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и поддршката од Република Албанија и потенцира дека очекува добра соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи, информира МВР.
Ново на Сител
-
„Самсунг“ воведува софистицирана „Галакси АИ“ технологија
-
Зверев противник на Алкараз во финалето на Ролан Гарос
-
Полагање на вториот екстерен испит од државната матура
-
Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените на Законот за државна управа
-
Почнува битката за поделба на ресорите во новата Европска комисијата
-
Макрон ќе го прими Бајден како државен гостин во Париз
-
Данската премиерка нападната среде Копенхаген, напаѓачот уапсен
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено