Средба Пендаровски – Борел: ЕУ да ги валоризира севкупните напори на Македонија
Очекуваме Европската Унија да ги валоризира севкупните напори на Македонија и да биде направен исчекор во однос на почетокот на пристапите преговори за членство, во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на средба со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, одржана во рамки на неговата работна посета на Турција.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Републиката, на средбата беа разменети мислења за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на земјава, како и за напредокот во клучните области.
– Во светло на последниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија, двајцата соговорници разговараа и за односите меѓу двете земји, осврнувајќи се на напорите на Португалското претседателство со ЕУ и можностите за надминување на отворените прашања во пресрет на претстојниот Совет за општи работи на Унијата, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел
-
Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта