Средби на претставници на НБРМ и Хрватската народна банка
Народната банка на Република Македонија беше домаќин на претставници на Хрватската народна банка. Одржаните работни средби се дел од веќе воспоставената плодна билатерална соработка помеѓу двете централни банки, овојпат со фокус на истражувачката дејност и економското моделирање.
Народната банка на Република Македонија соопшти дека во рамки на средбите, одржани на 14 и 15 мај, беа загатнати повеќе релевантни теми, како од аспект на организациската и функционалната поставеност на овој сегмент од централнобанкарското работење во двете институции, така и од аспект на актуелните истражувања кои се на агендата на централните банкари и пошироката научно-истражувачка заедница во овој период.
Работната посета на Хрватската народна банка беше искористена како платформа за дискусии, заемна размена на искуствата и тековните практики, со надеж дека тие ќе придонесат за поттикнување нови идеи и за изнаоѓање модалитети за продлабочување на досегашната успешна соработка, вклучително и преку градење партнерски однос во идни заеднички истражувачки проекти, што е од интерес на економиите на двете земји.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид