ССМ будно ќе ја следи примената на новогодишната кошничка
Од Сојузот на синдикати на Македонија најавуваат дека будно ќе ја следат примената на новогодишната кошничка што беше промовирана денеска, а со која од 15 декември до 15 јануари ќе бидат намалени над 600 производи.
Како што посочуваат од ССМ, синдикалната минимална кошничка ќе биде главниот контролен механизам за тоа дали цените навистина се намалени од страна на трговците.
- Ова од причина што новата Синдикална минимална кошница ќе биде пресметана на 20 декември, а мерката односно акцијата стапува на сила на 15 декември со што ќе знаеме што реално е намалено од основните производи во делот за храна и пијалаци, а на 20 јануари ќе знаеме дали по завршување на мерката на 15 јануари, трговците направиле зголемување на цените со што би се изгубил ефектот од истите. За потсетување, трговците пред стапување на сила на претходните мерки ги намалија платите на вработените во трговијата за 5 проценти согласно што се намали и просечната плата, а поради неоправданото зголемување на цените се зголеми на вредноста на СМК во делот на храна и пијалаци пред стапување на сила на мерката и по завршување на истата повторно имаше зголемување, нагласуваат од ССМ.
Бараат стопанствениците да покажат општествена одговорност, а во спротивно доколку се обидат да го изиграат системот, да се воведат ригорозни казни за непочитувачите.
- Сите мерки кои се носат во интерес на работниците и граѓаните особено во интерес на оние со најниски примања сметаме дека се добредојдени и ги поздравуваме. За Новогодишна кошница, граѓаните ќе можат да се запознаат со производите кои се понудени во Листата од страна на производителите и дистрибутерите преку посебна веб-страна „mojakosnica.mk,,. Групите на производи се сублимираат во Листа на прехранбени производи во опфат од над 675 производи, понудени од вкупно 60 компании и производители и дистрибутери, се наведува во информацијата од ССМ.
Новогодишната кошничка ќе трае еден месец и со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти.
Ново на Сител
-
ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“ се намалени за 10 отсто
-
Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до десет години
-
Нема ризик за безбедноста, државата е во сигурни раце, вели Мицкоски
-
Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна дневница или никој
-
Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка