ССМ треба да избере нов претседател
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го продолжи Вонредниот конгрес којшто беше прекинат на 11 ноември, а на кој требаше да биде избран нов претседател на ССМ.
Продолжението на конгресот е закажано за 12 часот, а ќе се одржи во Скопје во објектот на ССМ. Пред одржувањето на Конгресот најавено е обраќање на претседавачот на Работното претседателство на Вонредниот конгрес, Роберт Симоноски.
Вонредниот конгрес на ССМ се одржа во Охрид и тогаш се очекуваше да биде избран нов претседател на ССМ, но воопшто не се пристапи кон гласање поради реакциите на дел од делегатите кои го сметаа недемократски изборот на претседател и поради барањето на в.д. претседателот на ССМ, кој беше и единствен предложен кандидат, да им се овозможи и на останатите кандидати да учествуваат во трката за лидер на ССМ. Беше договорено во рок од 30 дена, Верификациона комисија на Синдикатот да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидерската позиција во организацијата.
Единствен кандидат за претседател беше предложен в.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски, кој според Претседателството и Советот ги исполнил условите. За претседалското место во ССМ конкурираа и Пеце Грујовски од УПОЗ и Ацо Антовски од Полицискиот синдикат, но нивните кандидатури не беа прифатени со образложение дека не ги исполнуваат условите.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден