-->
-->
Стојоски ќе ја брани честа на македонската атлетика на ОИ во Токио
-->
Македонскиот атлетичар Јован Стојоски доби вајлд карта за настап на летните Олимписки игри во Токио.
Одлуката, како што официјално е соопштено, ја потврди денеска Македонскиот олимписки комитет (МОК) водејќи се од пропозициите на Светската атлетска федерација право на настап на Игрите во Токио да добие најдобро рангираниот атлетичар во дисциплината во којашто настапува.
– Во моментов, според овие пропозиции на Светската атлетска федерација, тоа е Јован Стојоски, кој воедно има и најдобар резултат според IAAF таблица на отворено, во олимписка дисциплина Со неговиот резултат од 46,82 на 400 метри тој успеа да го обезбеди својот пласман за Олимпијадата во Токио, соопшти Македонската атлетска федерација.
Атлетичарот Стојоски е осмиот македонски спортист што има обезбедено настап на Олимпијадата, која од 23 јули до 8 август ќе се одржи во Токио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници