Стопанството очекува поддршка од Владата, во спротивно следи намалување на бројот на вработени
– Компаниите чекаат поддршка од Владата и исполнување на нивните барања за надминување на последиците од енергетската криза. Доколку продолжи енергетската криза и стопанството не ја добие потребната помош, ќе следи намалување на бројот на вработени од 30 до 50 проценти, предупредуваат од Кризниот штаб при Стопанската комора на Северна Македонија.
Потпретседателката на Стопанската комора Јелисавета Георгиевска-Јовеска на денешната прес-конференција нагласи дека состојбата е тешка и оти бизнисот очекува поддршка. Поддршката што ја очекува бизнисот, како што истакна, е врз база на пресметки во компаниите со цел да не дојде до редуцирање на производството и на кадарот.
– Состојбата е тешка и бараат поддршка и премостување на нивните потешкотии со кои се соочуваат.
Од сите контакти со компаниите, се посочува дека не би сакале на почетокот од следната година да прават реструктуирање во нивните капацитети, односно не би сакале, редуцирање на она што значи кадар којшто треба да продуцира додадена вредност, потенцираше потпретседателката на Стопанската комора.
Во име на Кризниот штаб, Георгиевска-Јовеска рече дека треба што поскоро да следат мерките, бидејќи компаниите ја чекаат поддршката од Владата.
– Да се субвенционира цената на електричната енергија за индустријата по примерот на соседните земји, да се обезбеди правна рамка за фирмите да излезат од постојните договори за снабдување со електрична енергија за компаниите да можат да склучат договори со ЕСМ снабдување, да се максимизира домашното производство на електрична енергија и вишоците да се понудат на индустријата по производна цена и да се намали ДДВ-то за електрична енергија од 18 на пет отсто, рече Георгиевска-Јовеска.
Таа додаде дека врз основа на направените компаративни анализи, компаниите треба да добијат определна базна цена на која државата би ги покривала трошоците и со тоа би се создале неопходни претпоставки за некаква предвидливост којашто е основа на бизнисот.
– Со анкетирање на над 200 компании, добивме одговор дека голем дел од нив од следната година доколку продолжи кризата и доколку ја немаат поддршката, според нивните очекувања, ќе следи од 30 до 50 проценти намалување на вработените што никој не го сака, рече Георгиевска-Јовеска.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата