Тавила: Не е точна изјавата дека Македонија има најголема стапка на смртност од Ковид-19 во регионот
Шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, Џихан Тавила изјави дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на бројките и статистиката за Ковид-19.
– Изјавата дека Северна Македонија има најголема стапка на смртност во регионот, навистина не е точна изјава. Знам дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на националните бројки и статистиките. Тоа придонесува во регистрирањето и пријавувањето на секој смртен случај заради Ковид-19. Јас знам дека Северна Македонија прави и пост-мортем тест за луѓето кај кои треба да се утврди причината за смртта, кога тоа не е јасно. Тоа што можам да го кажам е дека треба да бидеме многу внимателни кога ги споредуваме земјите, заради можните разлики во начинот на кој се собираат податоците и тоа што го знаеме е дека податоците можат единствено да бидат ограничувања во обидите да се прават споредувања и нема секогаш иста конзистентност на податоците за смртните случаи меѓу земјите, истакна Тавила.
Додаде дека секој можен случај е регистриран, Северна Македонија ги следи правилата за регистрирање, а сите контакти со потенцијалните случаи или потврдените случаи се откриваат, тестираат, изолираат и третираат според потребите.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска